Шпанците веќе нема да молчат за фалсификувањето на маслиновото масло
Постои сомнеж дека на пазарот има многу измами и дека на потрошувачите им се нудат мешавини од сончогледово масло
Претседателот на шпанската асоцијација на производители „Дкоп“ Антонио Луке изјави дека производителите молчат 40 години, но дека повеќе нема и побара од надлежните национални служби да реагираат, да истражат и да спречат измами со маслиново масло. Според него бунтот е за Шпанија, која е лидер во производството на овој исклучително важен производ, објави шпанскиот „Ел дебата“, пренесе Политика.рс.
Препорачано
– Ќе треба да се направи нешто против ваквата состојба на пазарот, бидејќи сега не се контролира – истакна Лук на прес-конференцијата и изрази жалење што се остава на страна квалитетот на маслиновото масло, а всушност постои сомнеж дека има многу фалсификати на пазарот и потребно е сериозно да се истражи. Како што рече, измама е всушност тоа што на потрошувачите им се нудат мешавини од маслиново масло и сончогледово масло за да се намали цената.
„Дкоп“, едно од најголемите здруженија кое собира повеќе од 75 семејни фарми, уверува дека „големиот пад“ на цената на маслиновото масло е веќе настанат. Според проценките, бербата на маслинки можела да биде за 28 отсто поголема во последните пет години. Како што посочуваат, таа цена е веќе на попристапно ниво за купувачите, а сега останува да се види дали ќе има или не зголемување на потрошувачката. Претседателот на „Дкоп“ е убеден дека потрошувачите ќе можат да забележат намалувања веќе кон крајот на декември и во текот на јануари, но дека новите ценовници ќе зависат и од потрошувачката.
Како што можеше да се слушне, потребно е посериозно да се размислува за иднината и ресурсите за производство на квалитетна храна по пристапна цена.
Во август оваа година беше објавено дека сончогледовото масло го изместило маслиновото масло од кујнскиот трон во Шпанија, најголемиот светски производител на маслиново масло, бидејќи зголемените цени ги принудиле потрошувачите да се префрлат на поевтини опции. До оваа година, маслиновото масло беше најпопуларно масло за јадење во шпанските домаќинства, со 62 отсто од продажбата во 2023 година, додека уделот на сончогледовото масло беше речиси 34 отсто, покажуваат податоците на Министерството за земјоделство.
Шише сончогледово масло лани чинеше просечно 1,86 евра за литар, додека цената на поскапите видови надмина шест евра, што е за 50 отсто повеќе од 2022 година, покажуваат официјалните податоци. На Шпанија вообичаено отпаѓаат 40 отсто од светското производство на маслиново масло, но високите пролетни температури и долготрајната суша ја намалија бербата на маслинките во изминатите две години и ја доведоа цената на маслиновото масло на рекордно ниво. Како резултат на тоа, оваа основна состојка на медитеранската исхрана стана недостапна за посиромашните домаќинства во Шпанија, кои се префрлија на поевтино, сончогледово масло, според извештајот на тамошното Министерство за земјоделство за трендовите на потрошувачката на храна за 2023 година.


