Шокантни тврдења на поранешниот личен лекар на легендата: Марадона се самоуби

Диего Марадона / EPA/Crawford Brown UK AND IRELAND OUT

Докторот Алфредо Кае ја зачуди аргентинската јавност со своето тврдење поврзано за смртта на Диего Марадона.

Диего Армандо Марадона почина на 25. ноември и оттогаш секојдневно се појавуваат разни теории за причините за неговата смрт.

Последната теорија ја изнесе Алфредо Кае кој му беше личен доктор на Марадона од 1997 до 2007 година, и тој тврди дека славниот аргентински фудбалер се самоубил.

Чудни пораки на ќерката на Марадона и докторот: Татко ми повраќаше и одбива лекари! Тој е добро и бара приватност

Кае за време на гостувањето во аргентинска радио емисија изјави дека Марадона престанал да јаде и да ги зема лековите по операцијата на мозокот:

– Ова не изгледа како едноставен срцев удар. Кога разговарав со него, го прашав дали размислува за самоубиство. Ми одговори: Можеби еден ден, што знам! Диего беше уморен – изјави Кае.

Докторот како пример наведува сцена од болницата каде на Марадона не му била укажано соодветно внимание и нега.

„Оле“: Условите во домот на Марадона не биле соодветни, тој не заслужи вакво нешто!

– Требаше да остане во болница, а не да оди во куќа која не беше подготвена за него. На Куба има автобуси кои ги нарекуваа гуагуа и Диего се обиде со автомобил да се удри во еден од нив. Ни рече дека не го видел, но вистина е дека се обиде да се самооубие. Тогаш го спаси само чудо. Според мене, неговата смрт е самоубиство, беше уморен. Не можеше повеќе и се препушти – вели Кае.

Теленовелата започнува: Осум жени и 11 деца ќе „војуваат“ за наследството на Марадона тешко 75 милиони евра

Сапуницата околу Марадона продолжува: Се јави нова мистериозна личност која бара ДНК тест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот