Сапуницата околу Марадона продолжува: Се јави нова мистериозна личност која бара ДНК тест

EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Според аргентинските медиуми, сапуницата околу борбата за наследството на легендарниот Диего Марадона продолжува со појавата на мистериозно шесто дете кое тврди дека фудбалерот и е татко.

Речиси еден месец по смртта на Марадона (25. ноември), вчера во
аргентинскиот суд беше покрената постапка од страна на Магала Алехандре Гил, 25-годишна девојка која сака да знае дали Диего е нејзиниот биолошки татко.

„Соочена со смртта на господинот Марадона на 25. ноември 2020 година, госпоѓата Гил бара студијата за хистокомпатибилност да се изврши однапред како доказ и во таа цел, обвинителството достави ДНК примерок добиен од личноста која е обвинета“, објави судот.

„Оле“: Условите во домот на Марадона не биле соодветни, тој не заслужи вакво нешто!

Исто така, Гил побара од судот да не дозволи телото на Диего Марадона да биде кремирано.

Магала Алехандре Гил е родена во декември 1995 година и е дадена во сиропиталиште, а пред две години дознала дека Диего Марадона може да е нејзиниот биолошки татко. Тоа Гил го дознала откако разговарала со нејзината биолошка мајка.

Од тој момент, нејзиниот адвокат Марсело Изкуеирдо го дал случајот на суд, го контактирал адвокатот на Марадона, Матијас Морла, од кого добил уверување дека неговиот клиен е отворен за ДНК анализа за да се докаже дали младата девојка е ќерка на „Ел Пибе“.

Доколку ДНК анализата покаже дека Гил е ќерка на Диего Марадона, тогаш таа ќе стане шестиот наследник на Марадона заедно со Далма, Џанина, Диего јуниор, Јан и Диего Фернандо.

Марадона пред смртта се исповедал пред свештеник: Барал прошка за бурниот живот

Марадона ги исфрлил двете ќерки и поранешната сопруга од тестаментот

Теленовелата започнува: Осум жени и 11 деца ќе „војуваат“ за наследството на Марадона тешко 75 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот