Марадона пред смртта се исповедал пред свештеник: Барал прошка за бурниот живот

DEMIAN ALDAY ESTEVEZ / EPA

И по десетина дена од смртта на Диего Армандо Марадона, легендарниот фудбалер сè уште е една од главните спортски вести.

Последната вест за Марадона доаѓа од Аргентина каде свештеникот Густаво Рубио ги откри деталите од последната средба со славниот фудбалер во септември 2019 година.

Средбата се случила откако Марадона се согласи да седне на клупата на Гимназија Ла Плара и поради тоа сакал да разговара со свештеникот во кого имал голема доверба.

Средбата била во срквата „Марија Ауксиладора“, а деталите од разговорот на медиумите им ги откри свештеникот.

– Диего бараше благослов од мене. Ми рече дека сака само мир и поради тоа ја презеде клупата на Гимназија Ла Плата. Ме зачуди зашто сакаше да зборува со свештеник. Се молеше Бог да му прости за бурниот живот – открива Рубио.

Марадона во првата сезона успеа да ја спаси Гимназија Ла Плата од испаѓање од најсилната аргентинска лига, но во последните месеци му се влоши здравствената состојба. На почетокот од ноември беше опериран поради хематом на мозокот, а почина на 26. ноември во својот дом.

– Ми рече дека неговата мајка Тота поминувала низ тешки моменти и затоа се свртела кон верата и во неа ја пронаоѓала силата. Марадона тогаш рече: „од сега ќе биде се како што ќе нареди Бог“. Доста ми беа глупости во животот поради кои сега жалам. Сепак направив и некои добри работи“.
Ме импресионираа неговите зборови бидејќи ги сфати грешките кои ги направил. Исто така ми рече дека е убеден оти не треба да биде идол на никого – додава Рубио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот