Марадона ги исфрлил двете ќерки и поранешната сопруга од тестаментот

epa000462970 Retired Argentine soccer superstar Diego Armando Maradona with his daughters Dalma (L) and Giannina (R) during a ceremony in the Argentine Senate Tuesday, 21 June 2005. The event was presided by Argentine Vice President Daniel Scioli, and guests included former athletes such as Hugo Conte, Enrique Wolff and Antonio Rattin. EPA/Cezaro De Luca

Смртта на легендарниот аргентински фудбалер не престанува да го привлекува вниманието, а сега главна тема во медиумите е неговото наследство и борбата за него.

Имено, поранешната сопруга на Марадона, Клаудија Виљафане и ќерките од нивниот брак, Далма и Џанина се исклучени од тестаментот кој легендарниот фудбалер го оставил.

Како што објави весникот „Кларин“, медиумот кој прв објави за смртта на Диего Марадона, тој на овој чекор се одлучил за време на престојот во Дубаи каде беше тренер на Ал Васл.

ВИДЕО: Наејмотивната приказна: За да спаси живот на дете, Марадона играше фудбал во кал

Марадона и Клаудија во брак беа 24 години и ги добија ќерките Далма и Џанина, но нивните проблеми започнаа откако славниот фудбалер открил дека од сметката му недостасуваат шест милиони долари како и дека му нема 458 сувенири кои ги добил за време на активната играчка кариера.

Тогаш Диего Марадона за кражбата ја обвини поранешната сопруга, а судскиот процес траеше неколку години и поради тоа одлучи да ја исфрли од тестаментот. Марадона од тестаментот ги исфрли и ќерките Далма и Џанина бидејќи застанале на страната на нивната мајка.

Чудни пораки на ќерката на Марадона и докторот: Татко ми повраќаше и одбива лекари! Тој е добро и бара приватност

Само неколку дена по смртта на Марадона започна трката за неговото богатство кое се проценува на околу 75 милиони долари. Покрај Далма и Џанина кои наводно се исфрлени од тестаментот, тука се уште три признати деца на Диего како и уште четири непризнати бидејќи веќе има барања да се направи ДНК анализа за да се докаже дека „Ел Пибе“ е нивен татко.

Иако медиумите објавија дека на сметката на Диего Марадона има само 75.000 долари, сепак неговиот имот во недвижнини се мери во десетици милиони долари. Шпанска „Марка“ објави дека Марадона поседува фабрика за тестенини во Венецуела, луксузен хотел во Хавана, Куба, пет стана на елитни локации во Буенос Аирес, а е сопственик и на цела зграда во аргентинскиот град.

Дресот на Марадона од мечот против Англија не се продава!

Писмото на Пеле за Марадона: Те сакам Диего, ќе играме во ист тим

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот