-3 C
Скопје

Писмото на Пеле за Марадона: Те сакам Диего, ќе играме во ист тим

Легендарниот бразилски фудбалер, Едсон Арантес до Насименто Пеле, напиша емотивно писмо посветено на Диего Марадина, седум дена по смртта на аргетинскиот волшебник со топката. Насловот на писмото е „Те сакам, Диего“.

„Денеска поминаа седум дена откако си замина. Многу луѓе целиот живот сакаа да не споредуваат. Беше гениј кој го маѓепса светот, волшебник со топката во нозете. Вистинска легенда. Но, пред се, за мене секогаш ќе бидеш одличен пријател со уште поголемо срце.

Денеска знам дека светот би бил многу подобар коне би можеле помалку да се споредуваме и да почнеме повеќе да се воодушевуваме. Сакам да кажам дека се неспоредлив.

Твој пат го одбележа искреност, и на свој единствен и посебен начин не научи дека мораме многу почесто да сакаме и да кажуваме „те сакам.

Прочитајте и...  Фернандо Љоренте ќе му биде соиграч на Несторовски!?

Твоето брзо заминување не ми дозволи лично да ти кажам, па едноставно ќе ти напишам: Те сакам, Диего.

Ти благодарам многу за нашето патување мој голем пријателу. Еден ден, на небото ќе играме во ист тим. И тоа ќе биде прв пат триумфално да ги кренам рацете во воздух, а причината да не биде прослава на гол. Тоа ќе биде оти конечно повторно ќе можам да те прегрнам“, напиша Пеле.

Поврзани вести

ВИДЕО: Ливерпул во огромна криза, Барнли го освои „Енфилд“!

Слободен печат

СП: Данците убедливи, Шпанците славеа во дербито против Германија

Слободен печат

ВИДЕО: Страшна контра, репрезентативец на Конго како „Брзата птица итрица“!

Слободен печат

Руни: Пред шест недели реков дека Јунајтед ја освојува титулата!

Слободен печат

Хрватска е блиску до четвртфиналето на Светското првенство

Слободен печат

Фернандо Љоренте ќе му биде соиграч на Несторовски!?

Слободен печат

Остави Коментар