ВИДЕО: Наејмотивната приказна: За да спаси живот на дете, Марадона играше фудбал во кал

За да бидете најдобар фудбалер на сите времиња не мора да ги имате најдобрите копачки на светот, туку мора да бидете подготвени да ги исфлекате поради други.

Зад легендарниот Диего Армандо Марадона останаа многу приказки, анегдоти кои го одбележаа фудбалот, но постои една приказна која се разликува од сите нив и која сите треба да ја знаат.

Диего Марадона бепе популарен и омилен бидејќи беше „народен човек“, никогаш не одби автограм, никогаш не одби да разговара со сите кои ги интересираше неговото здравје и живот, а исто така никогаш не одби да им помогне на сите кои го бараа тоа од него.

Така најемотивната приказна на Марадона датира од 1984 година кога одлучи да организира пријателски хуманитарен натпревар за да спаси живот на дете за чија операција собираше пари.


Марадона бараше од својот тим Наполи и од ФИФА да му помогнат во организацијата на натпреварот, но беше одбиен. Диего беше емотивно скршен од таквата одлука на неговиот клуб и на ФИФА.

Сепак, Диего Армандо Марадона најде начин како да му помогне на болното дете и да го спаси неговиот живот и со тоа ги освои сите симпатии на навивачите и на жителите на Неапол.
Организираше натпревар на теренот кој се наоѓаше пред домот на детето на кое му беше потреба медицинска помош и тоа во еден од најсиромашните квартови на Неапол.


Дојдоа повеќе од 4.000 луѓе да гледаат како Диего Марадона, фудбалскиот волшебник, не се плаши да игра на каллив терен само за да му помиогне на некого му е потребно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот