Дресот на Марадона од мечот против Англија не се продава!

Фото: Тивтер

Поранешниот англиски репрезентативец, Стив Хоџ (58) во вторникот изјави дека мора да ги одбие потенцијалните купувачи на дресот што го носеше покојниот Диего Марадона за време на четвртфиналниот натпревар помеѓу Англија и Аргентина на Светското првенство во 1986 година одржано во Мексико и инсистира дека истиот не е на продажба.

После мечот кој Аргентина го доби со 2:1, во кој Марадона го постигна првиот гол „Божја рака“ и вториот по феноменалната соло акција од својата половина, Хоџ го смени дресот со славниот Аргентинец. Иако се наоѓа во Англискиот национален музеј на фудбал во Манчестер, дресот е во сопственост на Хоџ.

По смртта на Марадона пред пет дена се случи вистинска лудост за дресот, а експертот за спортски спомени процени дека може да постигне цена од два милиони долари.

– Го имам овој дрес 34 години и никогаш не сум се ни обидувал да го продадам. Има неверојатна сентиментална вредност. Луѓето постојано ми тропаат на вратата и телефонот ми ѕвони, тоа не е пријатна ситуација. Има дури и лажни вести дека барам милион, па дури и два милиони за него, како да се обидувам да заработам пари користејќи ситуација. Сметам дека е крајно навредливо и целосно погрешно. Тој дрес не се продава – рече Хоџ.

Патем, Хоџ беше играчот кој испрати „балон“ во правец на неговиот гол, на кој потоа скокнаа Марадона и англискиот голман Шилтон кога Марадона со рака ја испрати топката во мрежата, а Хоџ беше еден од шесте играчи пред кои Марадона истрча но што постигна „голот на векот“.

Теленовелата започнува: Осум жени и 11 деца ќе „војуваат“ за наследството на Марадона тешко 75 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот