Екипата на серијата „Вовед во анатомија“/Фото: Принтскрин/Инстаграм/greysabc

Шок за обожавателите на „Вовед во анатомија“ — култната серија неочекувано ги отпушти главните ѕвезди

Неочекуваното заминување на Кевин Меккид и Ким Рејвер од хит серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy) наводно е резултат на чисто „креативна одлука“ на продуцентите, открил неименуван извор за „Вариети“. Ова е само уште еден во низата големи удари за обожавателите на долгогодишната медицинска драма, кои неодамна поминуваат низ емотивни моменти поради смртта на Ерик Дејн, како и поради претхното заминување на заштитното лице на серијата, Елен Помпео.

– „Вовед во анатомија“ беше огромно поглавје во мојот живот, како креативно, така и лично. Длабоко сум благодарен за сè што ми даде серијата во текот на годините. Играњето на д-р Овен Хант, но и режирањето на серијата, ме обликуваа многу и имав привилегија да работам со извонредна група луѓе во текот на тој период – рекол Меккид.

Интересно е што Меккид ќе ја режира нивната последна, проштална епизода. Актерот притоа особено ја пофалил креаторката на серијата Шонда Рајмс за создавањето на ликот на Овен, но и поради тоа што таа силно ја поттикнала неговата режисерска кариера.

– Како што ова поглавје се приближува кон крајот, со нетрпение го очекувам она што претстои – создавање нови дела, раскажување нови приказни и пренесување на сè што научив во следната фаза од мојата кариера – заклучил 52-годишниот Меккид за „Пејџ сикс“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grey’s Anatomy Official (@greysabc)

Еднакво емотивна била и 57-годишната Ким Рејвер, нагласувајќи дека улогата на д-р Теди Алтман „засекогаш ќе има драго и посебно место во нејзиното срце“.

– Пред 16 години имав неверојатна привилегија да почнам да ја играм оваа улога благодарение на визијата на Шонда Рајмс и Бетси Бирс. Од тој ден, вистинско задоволство беше да ги оживеам култните зборови на Шонда и идеите на нашиот брилијантен тим за пишување – рекла актерката, не заборавајќи да им се заблагодари на лојалните обожаватели чија „непоколеблива лојалност и поддршка“ ја направиле серијата таква телевизиска сила дури и по повеќе од 20 години емитување.

Самата Шонда Рајмс, исто така, се огласила за нивното заминување, истакнувајќи дека Меккид и Рејвер им донеле „извонреден талент и срце“ на своите ликови и дале многу важно ветување на гледачите – Овен и Теди ќе го добијат „среќниот крај каков што го заслужува нивната приказна“.

Да потсетиме, Меккид се приклучи на „Вовед во анатомија“ во петтата сезона во 2008 година, додека Рејвер пристигна една сезона по него. Иако Рејвер ја напушти серијата на крајот од осмата сезона, таа подоцна се врати како ѕвезда-гостин, за повторно да се придружи на редовната екипа во 15-тата сезона.

Дали по 17 сезони докторката Греј ќе ја напушти серијата „Вовед во анатомија“?

„Вовед во анатомија“ ќе добие и 18 сезона: Продолжува најдолгата телевизиска драма

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот