„Вовед во анатомија“ ќе добие и 18 сезона: Продолжува најдолгата телевизиска драма

Instagram
принскрин

„ABC“ објави дека култната серија „Вовед во анатомија“ ќе добие и 18-та сезона, а ѕвездата Елен Помпео ќе го продолжи договорот за да продолжи да ја игра Д-р Мередит Греј.

Медицинската драма е број еден телевизиско шоу во клучна демографска категорија од 18 до 49 меѓу мрежите кои известуваат за гледаност, привлекувајќи вкупно 8,3 милиони гледачи.

„Вовед во анатоимја“ оваа година отфрли неколку долгогодишни членови на екипата, а Џиакомо Џианиоти и Џеси Вилијамс ја напуштија серијата во последните неколку месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grey’s Anatomy Official (@greysabc)

Сепак, потврдено е дека членовите на актерската екипа, Чандра Вилсон и Џејмс Пикенс Џуниор, ќе се вратат во 18-та сезона заедно со Помпео.

Криста Верноф, извршниот продуцент на серијата го обнови својот повеќегодишен договор со „ABC Signature“ во март и ќе продолжи да го води проектот „Вовед во анатомија“.

Кога серијата „Вовед во анатомија“ беше премиерно прикажана на „ABC“ во 2005 година – создадена од Шонда Рајмс – никој не очекуваше дека ќе стане најдолгата драма во историјата на ТВ. Ги надмина и „Маsh“ со 11 сезони и „ЕР“ со 15 сезони кои важеа за претходни рекордери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот