Шкупи денеска во Приштина брка групна фаза во Лигата на конференции

Шкупи тренираше на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина, Косово/Фото: facebook.com/fcshkupi1927

Шкупи денеска од 20.00 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина (Косово) ќе го игра реванш натпреварот од плеј-офот во Лигата на конференции против Балкани. Главен судија на овој дуел ќе биде Истван Вад од Унгарија.

Косовската екипа на првиот меч на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје славеше со резултат 1:2.

Тоа значи дека чаирчани ќе мора да одат на победа и анулирање на негатива доколку сакаат да обезбедат европска есен и воедно се запишат како втора екипа од Македонија (после Вардар) која успеала да игра во групна фаза во едно од клупските натпреварувања под УЕФА.

Тренерот на македонскиот шампион, Гоце Седлоски вели дека има уште 90 минути, неговите играчи ќе се борат до крај.

– Одиме да одиграме добар натпревар. И претходно реков дека играме со добра екипа, но не заслуживме да загубиме во Скопје. Шансите кои ги имавме на првиот натпревар доколку повторно ни се пружат, верувам дека ќе постигнеме гол – вели Седлоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот