Шкендија брка негатива против Рига, Шкупи по чудо во Португалија

Фото: facebook.com/fcshkendija

Денеска двете македонски екипи ќе ги играат реванш натпреварите од второто квалификациско коло во новоформираното УЕФА натпреварување, Конференциската лига.

Шкендија која веќе три натпревари (три порази на европската сцена ова лето) не знае за гол, на Националната Арена „Тодор Проески“ – Скопје брка негатива од првиот меч во Летонија во кој Рига славеше со 2:0.

Тренерот на тетовските „црвено-црни“, Ернест Ѓока е свесен дека головите недостасуваат и нив мора да ги има на возвратната пресметка доколку сакаат пласман во следната трета квалификациска рунда.

Дуелот ќе започне од 20.00 часот и на истиот судиска правда ќе дели Ф. Мареска од Италија.

Шкупи се наоѓа во многу незгодна позиција поради високиот пораз од 3:0 во нашиот главен град од Санта Клара.

Играчите на тренерот Гоце Седлоски ќе имаат тешка задача во Португалија во обидот да ја анулираат негативата.

Мечот ќе се игра од 22.00 часот, а главен судија ќе биде Ирецот Р. Хенеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот