Ибраими е оптимист: Можеме да направиме пресврт против Рига

фото: ФК Шкендија

Екипата на Шкендија одигра три натпревари во квалификацискиите за пласман во европските купови, и досега не постигна ниту еден гол. Во квалификациите за пласман во ЛШ, Шкендија два пати загуби од Мура со 1:0 и 5:0, а во првиот дуел со Рига во квалификациите за Конференциската лига е поразена со 2:0.

Сите во таборот на Шкендија се свесни дека реализацијата е најголем проблем во играта на тетовци, а најдобриот играч на екипата, Бесарт Ибраии, смета дека утревечер (20 часот) во реваншот против Рига, тие проблеми ќе бидат надминати и конечно екипата ќе постигне голови со кои ќе обебзеди пласман во наредната рунда.

Сметам дека утре можеме да дојдеме до пресврт. Загубивме на гости со 0:2, но сето тоа беше плод на наши грешки, па сега мора да ги намалиме истите и да почнеме да даваме голови. Доколку сме поконцентрирани во нападот сигурно резултатот ќе биде поинаков. Мислам дека воопшто не играме така лошо како што кажуваат резултатите ова лето. Затоа посакуваме утре со Рига да го покажеме сиот наш  – изјави Ибраими на денешната прес-конференција.

Видео на денот