Шишковски и Николов против Олимпија Љубљана во плеј-офот на Конференциската лига
Ден откако во четвртокот во Нион се одигра последното, шесто коло од Конференциската лига, беа извлечени паровите од нокаут рундата, во која клубовите кои се пласираа меѓу деветтото и 24 место ќе се борат за влез во осминафиналето каде ги очекуваат осумте првопласирани екипи.
Препорачано
Челси, Виторија Гимараеш, Фиорентина, Рапид Виена, Ѓургарден, Лугано, Легија и Серкл Бриж се клубовите од првите осум места во групната фаза на Конференциската лига и директно влегоа во осминафиналето.
Следните осум по ред, Јагелонија, Шамрок Роверс, АПОЕЛ, Пафос, Панатинаикос, Олимпија, Бетис и Хајденхајм беа носители на ждрепката и во зависност од пласманот добија можност да го извлечат противникот поставен на спротивната страна.
Борац Бања Лука од Босна и Херцеговина на македонските фудбалери Дамјан Шишковски и Бобан Николов за противник го добија тимот на Олимпија Љубљана од Словенија. Полската Јагелонија на Дарко Чурлинов ќе се сретне против ТСЦ од Србија. Натпреварите ќе се играат на 13 и 20 февруари 2025 година.
The UEFA Conference League play-off draw is in the books. ✅
Ties are scheduled to be played on February 13 and 20. ?️#UECLdraw pic.twitter.com/rFY9w6LLOt
— Flashscore.com (@Flashscorecom) December 20, 2024


