Шифрин во Крањска Гора го израмни рекордот на Вон

фото: EPA-EFE/ALEN MILAVEC

Американската скијачка Микаела Шифрин е победничка на велеслаломот што во рамки на Светскиот куп се одржа во Крањска Гора.

Шифрин славеше со резултат 1:52,53 минути и со тоа стигна до 82 победа на Светскиот куп, со што го израмни рекордот на сонародничката Линдзи Вон во женска конкуренција.

Американката по осмата сезонска победа е многу блиску до соборување на вкупниот рекорд кој го држи шведскиот скијач Ингемар Стенмарк со 86 победи.

Шифрин со одлично второ возење ја потврди победата и зад себе ја остави Федерика Брињоне, која беше побавна за 0,77 секунди. Швајцарската скијачка Лара Гут Бехрами се искачи на третото место на подиумот со заостанување од 0,97 секунди.

Во поредокот за велеслалом лидер е Басино со 425 бодови, односно има 25 повеќе од Шифрин, додека трета е Гут Бехрами со 357 бодови. Шифрин е убедливо прва во генералниот пласман на Светскиот куп со 1,115 бодови, втора е Влхова со 696, додека на третото место е Венди Холденер од Швајцарија со 519 бодови.

ВИДЕО | Грение до прва победа во Светскиот Куп, Шифрин само шеста во Крањска Гора

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот