Шевченко се враќа да го спаси Милан!? (ФОТО)

twitter.com/GusShamlan

Како што тврди „Тутомеркато“, „росонерите“ го контактирале украинскиот селектор Андриј Шевченко, иако Марко Џампаоло има уште еден натпревар да ја „спаси“ неговата работа.

Во неделата го прослави 42 роденден, неговиот поранешен клуб повторно ги разочара своите навивачи, откако на домашен терен загуби од Фиорентина за вкупно трет пораз во низа.

Сегашниот тренер Марко Џампаоло е свесен дека е на голем удар од фановите и наскоро може да ја напушти тренерската функција, а веќе се шпекулираат негови наследници. Андриј Шевченко, поранешната клупска легенда кој моментно е селектор на Украина со чија репрезентација има договор до јули 2020 година, можно е да се врати на „Сан Сиро“, но како тренер.

Екс-напаѓачот со калчолигашот своевремено имаше 208 натпревари и 127 голови, со по еден трофеј во Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот, Серија А, Купот и Суперкупот на Италија во периодот од 2003 до 2004 година.

Не е познато колкави би биле шансите сега да се врати Шева во Милан, со репрезентацијата одлично котира во квалификациите за пласман на ЕП 2020. Моментно после пет натпревари е на првата позиција со 13 бодови, пред Португалија (8) и Србија (7), а следните мечеви ќе ги има на 11 и 14 октомври на домашен терен против Литванија и Португалија, кои што се клучни за учество на континенталниот собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот