Фиорентина ја продолжи „кризата“ на Милан! (ВИДЕО)

twitter.com/giul91

Неделната програма од шестото коло во најсилното италијанско првенство заврши со дуелот на „Сан Сиро“ каде што Милан одново ги разочара своите навивачи со поразот од Фиорентина (1:3).

После првото полувреме водеа играчите на Монтела со погодокот на Пулгар во 14 минута од средбата од пенал. Во 55 минута додатен проблем за домаќините кои останаа со еден играч помалку поради црвениот картон Мусачио.

Тоа го искористија гостите со уште два гола, за 0:2 се погрижи Кастровили, а во 78 минута стрелаше новото летно засилување Рибери. Претходно во 70 минута удар од белата точка не реализираше Киеза. Единствениот погодок на Милан беше дел од Леао после асистенцијата на Хернандез во 80 минута.

За „росонерите“ ова е веќе загрижувачки четврти пораз (трет по ред), а за „виолетовите“ втора победа во низа. Моментно на табелата Фиорентина е на деветтото место, а фудбалерите на Џампаоло дури на 16 позиција, само еден бод повеќе од Џенова која е во опасната зона за испаѓање и токму овие две екипи ќе се сретнат во наредната седма лигашка рунда.

Да додадеме уште дека Горан Пандев го одигра целото второ полувреме за Џенова во убедливиот гостински пораз од Лацио (4:0), додека Илија Несторовски го одигра целиот меч во домашниот триумф на Удинезе против Болоња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот