Шест позитивни случаи во фудбалските клубови Ренова и Шкендија

фото: facebook.com/fcshkendija

Заразените од Ковид-19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин.

Претходно Синдикатот на фудбалери на Македонија објави дека негативни се тестовите на Академија Пандев и Борец.

Исто така мобилна екипа на „Аџибадем Систина“ изврши тестираање во просториите на Работнички и Брегалница од Штип. И таму сите тестирани се негативни и непречено можат да си ги извршуваат своите работни задачи.

Тоа беше продолжување на низата добри информации пред продолжувањето на сезоната во Првата лига, но денеска Синдикатот немаше убава вест.

Има шест позитивни случаи во два фудбалски клубови од Тетово, четири во Ренова, а два во Шкендија.

фото: принтскрин/фејсбук

По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба Фк Ренова и Фк Шкендија имаме позитивни случаеви на Ковид 19. По повторената анализа во лабораторијата на Аџибаден Систина за жал имаме позитивни случаеви. Информацијата ја имавме уште касно синоќа но чекавме повторена анализа.

Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани. Имињата на заразените се уредно доставени до Фк Ренова и Фк Шкендија во текот на денот. Позитивните на Ковид 19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин.

Четворица позитивни има во таборот на Фк Ренова и двајца во таборот на Фк Шкендија.

Утре продолжуваме со тестирање и на другите тимови од првата Македонска лига – велат од Синдикатот на фудбалери на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот