Негативни тестовите на Академија Пандев и Борец

Исто така извршено е тестирање на сите членови во ФК Работнички и ФК Брегалница…

Во текот на вчерашниот ден Синдикатот на фудбалери на Македонија најави дека заедно во организација со „Аџибадем Систина“ продолжува тестирањето на прволигашките екипи на КОВИД-19.

Мобилна екипа од „Аџибадем Систина“ беше во посета на ФК Академија Пандев и ФК Борец. Направени се тестови на сите играчи, стручните штабови и другите вработени во овие клубови.

Денеска беа добиени резултатите, сите тестирани се негативни и сега можат непречено да си ги извршуваат своите работни задачи.

Исто така извршено е тестирање на сите членови во ФК Работнички и ФК Брегалница. Штипјани се второлигаши, но тие се учесници во полуфиналето на националниот Куп.

Пред 10 дена Синдикатот објави дека и фудбалерите, стручниот штаб и сите луѓе кои што работат во Македонија Ѓорче Петров (како прв фудбалски, воопшто спортски клуб) се негативни на тестот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот