Шерон Стоун се присети на најтажниот период во животот: Само лежев и плачев по цел ден

Шерон Стоун / Фото: Профимедиа

Славната актерка Шерон Стоун проговори за тешкиот животен период нив кој поминувала пред 13 години, кога го загубила старателството над синот Роан.

Таа го доби синот во бракот со американскиот новинар Фил Бронштејн, а сега за магазинот „Saga“ ја откри вистината за деновите кога само лежела и плачела.

„Откако го загубив примарното старателство над Роан, едноставно повеќе не можев да функционирам. Лежев по цели денови на каучот и бев преморена од секојдневното плачење“, призна Шерон.

Фото: Инстаграм

Шерон додаде дека не можела да се фокусира на ништо друго освен повторно да го прегрне својот син и да го врати назад.

Да се потсетиме, отако се разведе од поранешниот сопруг во 2004 година, старателството над синот Роан го загуби четири години подоцна. Таа можела да го гледа само еднаш месечно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот