Шарапова си „зграпчи“ англиски милионер! (ФОТО)

twitter.com/agbota3

Преубавата руска тенисерка Марија Шарапова веќе подолго време ужива во среќна врска со англискиот милионер Александeр Гилкес.

Откако ја раскина веридбата со словенечкиот кошаркар со српско потекло Саша Вујачиќ и сериозната врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, убавата Маша сега го сака англискиот милионер Александер Гилкес.

Гилкес има 39 години и е роден во Лондон. Потекнува од богато семејство, таткото е легендарен забар, а мајката професорка на Оксфорд. Студираше на престижниот факултет и се дружи со британскиот џет сет. Помеѓу останатото, добар пријател е со принцовите Вилијам и Хари.

Profimedia

Интересно е тоа што Александер е голем „русофил“. Одлично го зборува рускиот јазик и е голем љубител на руската литература. Воедно ја сака и уметноста, во 2010 година со една група пријатели основаше аукциска куќа „Падл8“, специјализирана за продажба на уметнички дела.

Има еден брак зад себе. Кога имаше 24 години ја започна тогаш 17-годишната Американка Миша. Заедно беа 13 години, вклучувајќи и брак кој траеше од 2012 до 2016 година. Се венчаа во Венеција во присуство на многубројни членови на англиското кралско семејство.

А пред некој ден Марија Шарапова го прошета на една модна ревија каде вљубениот пар привлече големо внимание во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот