Шахистите на Алкалоид повторно ја освоија шампионската титула

Шахистите на Алкалоид со трофејот во екипното првенство/фото: Шаховска Федерација на Македонија

Завршија екипните првенства на Македонија во машка и женска конкуренција, кај мажите шаховскиот клуб Алкалоид го потврди приматот и повторно ја освои шампионската титула.

На второто место заврши шаховскиот клуб Прилеп, а на третата позиција се шахистите на Гамбит Ассеко СЕЕ.

Редоследно од четвртото до осмото место се најдоа: ГШК Куманово, ШК Гостивар, ШК Ан Пасан, ШК Фишер и ШК Стево Патако.

Кај жените беше неизвесно до самиот крај, каде што последниот меч помеѓу ШК Алкалод и МШК Центар директно решаваше за титулата. Со победа екипата на МШК Центар го обезбеди првото место и го освои шампионскиот пехар.

Второпласирани се шахистките на Алкалоид, а на третото место е ГШК Куманово. Редоследно од четвртото до седмото место се најдоа: ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, ГШК Неготино, ШК Стево Патако и ШК Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот