Северна Македонија низ виртуелен туристички водич 

Од неодамна се достапни туристичките можности на земјава на веб страницата http://www.macedoniafromabove.mk/ каде потнцијалните туристи од целиот свет преку виртуелниот туристички водич „Македонија на дланка” можат виртуелно да ја посетат нашата земја и реално да ја запознаат, а потоа и да посакаат да ја посетат физички.

Ова овозможува виртуелна прошетка низ Северна Македонија и нејзините градови, села, туристички локации, хотели, ски центри и други локации.

Прошетката се одвива преку поврзани 360° интерактивни панорами направени од воздух и влегување во туристичките објекти со исти такви 360° панорами, направени од земја. Почетната сцена е над плоштадот во Скопје, од која, со клик на означените други локации се пристапува кон следната 360° панорама.

На секоја 360° панорама се поставени ознаки за објекти од туризмот, споменици, музеи, хотели и сите други објекти интересни за туристите, проследени со информативни текстови, слики, видеа, телефонски броеви, линкови кон други веб страни и слично.

За виртуелната прошетка може да се користат сите апарати кои имаат пристап до интернет – компјутери, таблети, телефони, Smart TV… како и со 3Д очила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот