Сетиен: Вчера шетав покрај кравите во селото, а денеска сум тренер на Барса!

фото: твитер

Новиот стратег на „Камп Ноу“ ниту во најлудите соништа не можел да замисли дека ќе ги тренира едни од најдобрите фудбалери на светот!

Новиот тренер на Барселона Кике Сетиен призна дека не очекуваше буквално „преку ноќ“ ќе седне на клупата на каталонскиот гигант. Тој во понеделникот беше именуван како нов стратег на шпанскиот шампион, откако управата му врачи отказ на Ернесто Валверде.

На промоцијата сликовито опиша како го изненади одлуката на челниците на Барселона.

– Ниту во своите најлуди соништа не можев да замислам дека ќе бидам тука. Вчера шетав покрај кравите во моето село, а сега ги тренирам најдобрите фудбалери на светот – рече Сетиен.

Поранешниот тренер на Лас Палмас и Бетис вели дека особено со нетрпение очекува да работи со најдобриот играч на светот, Лионел Меси.

– Изминативе 12 години уживав пред ТВ екраните гледајќи го Меси и сите овие играчи кои го направија уште поубав фудбалот.

Неговиот договор со Барселона важи до јуни 2022 година.

– Возбуден сум од овој предизвик и од проектот. Тоа е најголемото нешто што ќе се обидам да им го пренесам на играчите – додаде новиот тренер на Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот