Фановите задоволни: На новиот тренер на Барселона идол му е Јохан Кројф

twitter/Barça Watch

Идол на Сетиен му е легендата на Барселона и креаторот на позната младинска школа „Ла Масија“, Јохан Кројф

Ернесто Валверде вчера и официјално ја заврши својата мисија во Барселона. Поразот од Атлетико Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп и покрај добрата игра, беше клучниот фактор за управата конечно да му врачи отказ на Валверде.

Управата веднаш тргна во интензивна потрага по негов наследник, се обидоа да го вратат Чави на „Камп Ноу“, но легендарниот фудбалер е подготвен да седне жешкото столче дури на крајот од сезоната.

Неможејќи да го чекаат, челниците го поставија Кике Сетијен за нов тренер и човек кој треба да ги реши проблемите на Барселона. Сетиен потпиша две ипол годишен условен договор, кој може да биде раскинат и на крајот од оваа сезона или на крајот на идната сезона во зависност од резултатите со што се отвора можноста на лето Чави или Роналд Куман да седнат на клупата.

Втора причина за задоволство кај навивачите од новиот тренер е тоа што идол на Сетиен му е легендата на Барселона и креаторот на позната младинска школа Ла Масија, Јохан Кројф. Тие се надеваат Кике Сетиен ќе ја врати препознатливата игра на Барселона, да победува со стил и со убава за око игра. Надежите се дека со повредата на Луис Суарез ќе се врати препознатливата „тики-така“ игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот