Сетиен избран да го замени Валверде во Барселона!
Енрике „Кике“ Сетиен (61) според „Марка“ се очекува да биде промовиран како нов тренер на Барса, беше донесена одлука да ја води екипата до јуни.
Во наредниот период ќе се дознаат и деталите околу договорот на Сетиен на клупата на Каталонците, но не се очекуваат никакви проблеми и агентот на Сетиен е веќе во Барселона.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ернесто Валверде не е повеќе тренер на клубот од „Камп Ноу“ како што информираат шпанските медиуми.
Управата го смени Валверде и го именуваше Сетиен кој до крајот на минатата сезона, во која го тренираше Бетис, беше без работа.
Енрике „Кике“ Сетиен (61) според „Марка“ се очекува да биде промовиран како нов тренер на Барса. После еден тензичен состанок, беше донесена одлука да ја води екипата до јуни.
Сетиен лани со Бетис беше последниот тренер кој на „Камп Ноу“ беше 4:3 за тимот од Севиља.
Како фудбалер ги носеше дресот на Расинг од Сантандер, Атлетико Мадрид, Логроњес, а во Расинг ја заврши кариерата во 1996 година.
Играше 23 пати за селекцијата на Шпанија, беше тренер на Расинг, Ехид, Логроњес, Луго, Лас Палмас и Бетис.


