„Мундо“: Алегри ќе биде новиот тренер на Барселона!? (ФОТО)

twitter.com/RiZzyUTD

Италијанскиот фудбалски стручњак Масимилијано Алегри доби повик од челниците на Барселона да го наследи Ернесто Валверде, пренесува „Мундо Депортиво“.

Овие денови актуелна е темата околу тоа која ќе биде замената за Валверде наредното лето на клупата на каталонскиот гигант, а се шпекулираат неколку имиња.

Претходно беше објавено дека клупската легенда Чави би можел да го преземе кормилото, но тој истакна дека нема намера во овој момент да ја води Барса.

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде се сретна со претседателот на клубот, Пеп Марија Бартомеу и раководството, пренесе „Марка”.

Валверде ја напушти базата на Барселона, без да коментира што точно разговарале со Бартомеу. Сепак, барем засега, тој останува на функцијата.

Според „Мундо Депортиво“, Масимилијано Алегри доби повик од челниците од „Камп Ноу“ да ја има можеби најпредизвикувачката тренерска работа во светот.

Италијанскиот стратег е без клуб од кога го напушти Јувентус, а освен во трката за клупата на Барса се наоѓаат уште Маурисио Покетино, Кике Сетијен и Хавиер Гарсија Пимиента.

Шампионот на Шпанија не е задоволен од работата на Валверде, а ситуацијата кулминираше после поразот во полуфиналето на Суперкупот од Атлетико Мадрид. Валверде ја води Барселона од 2017 година и досега освои две титули во шпанската „Ла Лига“ и по еден трофеј во Кралскиот куп и Суперкупот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот