Чави одговори дали ќе биде новиот тренер на Барселона
Легендата на клубот вчера имал двочасовен разговор со директорите Абидал и Грау.
По елиминацијата на Барселона во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп од Атлетико Марид, веднаш започнаа гласините за експресна смена на тренерот Ернесто Валверде.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како прв пик на управата на каталонскиот клуб според весникот „Ас“ фигурира името на клупската легенда Чави Ернандез.
Според „Ас“ во текот на вчерашниот ден, спортскиот директор Ерик Абидал и извршниот директор Оскар Грау одлетале во Доха, Катар, каде имаче двочасовен разговор со Чави околу неговото преземање на клупата од Ернесто Валверде. Весникот напоменува дека на Чави му е понуден две ипол годишен договор.
Денеска, по натпреварот од полуфиналето на купот на Катар, во кој тимот на Чави, Ал-Сад со 4:1 го совлада Ал-Рајан, на пресконференцијата одговори дали ќе седне на клупата на Барселона.
– Не постои никаква понуда од Барселона. Се сретнав со Абидал бидејќи тој ми е пријател. Не можам да зборувам за тоа што се случува во Барселона поради респект кон самиот клуб и кон Валверде. Секој знае дека мојот сон е еден ден да бидам тренер на Барселона, но моментно работам во Ал-Сад и целосно сум фокусиран на оваа работа – изјави Чави.


