Серена Вилијамс елиминирана на Мастерс Синсинати

epa08625802 Serena Williams of the USA in action against Maria Sakkari of Greece (not pictured) during a Western and Southern Open third round match at the USTA National Tennis Center in Flushing Meadows, New York, USA, 25 August 2020. EPA-EFE/JASON SZENES

Турнирот кој поради пандемијата на коронавирусот наместо во Охајо се игра во Њујорк, остана без третата носителка.

Подобра од Серена Вилијамс беше грчката тенисерка Марија Сакари која славеше во три сета и тоа со 5:7,7:6,6:1. Серена по голема борба во првиот сет успеа во финишот да направи брејк и да поведе со 1:0, за веќе во првиот гем од вториот сет да го загуби сервисот.

Во свој стил, Серена Вилијамс возвраќа не со еден туку со два брејка и дојде до 5:3 во гемови и доби можност на свој сервис да ја заврши работата. Но Сакари токму тогаш прави брејк и се враќа во сетот по што се избори за тајбрејк кој го реши во своја корист и го однесе мечот во одлучувачки трет сет.

Во него целосна доминација на грчката тенисерка, направи дури два брејка и поведе со 5:0 по што рутински го заврши дуелот со големата шампионка.
Следен противник за Сакари во четвртфиналето ќе биде осмата носителка Џоана Конта.

Во машкиот дел од турнирот во ноќната програма најинтересен беше дуелот помеѓу Стефанос Циципас и Џон Иснер. На крајот победата му припадна на Гркот кој двата сета ги доби во тајбрејкот со големиот сервер.
Нареден противник на Циципас ќе му биде Американецот Рајли Опелка кој го изненади Матео Беретини во два сета со 6:3,7:6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот