Сениорската карате репрезентација на Македонија подготвена за настап на Светското првенство

фото: Карате федерација на Македонија

Сениорската карате репрезентација на Македонија ги спроведува завршните подготовски пред настапот на Светското првенство.

Светското првенство ќе се одржи од 24 до 29 октомври 2023 година во Будимпешта, Унгарија.

На седум дена пред почетокот на овој најголем карате настан во оваа година директорот на репрезентацијата Арлинд Хусеини заедно со претседателот на Судиската комисија Благој Атанасов ги посетија нашите репрезентативци кои ќе ги бранат боите на Македонија на ова првенство.

Селекторите во борби Александар Кузмановски и во кати Стојан Андриевски истакнаа дека се задоволни од прикажаното на целиот тим на овие завршни припреми, како од интензитетот, посветеноста, дисциплината, така и од високиот морал на секој од нив за остварување на високи резултати на ова Светско првенство.

Условите во кои се реализираат овие подготовки во хотелот „Истатов“ во Дојран како и спортската сала во непосредна близина се исто така на завидно ниво што се заедно дава надеж дека и на ова Светско првенство нашата репрезентација достојно ќе ја претстави нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот