Семејството на Оливија Њутн-Џон: Наместо цвеќе средствата да се донираат за борба против ракот

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Ќерката на актерката и пејачка Оливија Њутн-Џон објави серија фотографии на својот инстаграм – профил во спомен на својата мајка, која почина вчера во Јужна Калифорнија по повеќедецениска борба со ракот на дојката.

Почина познатата актерка Оливија Њутн-Џон


Клои Роуз Латанци (36) објави заеднички фотографии од неа и нејзината мајка од различни периоди од нивниот живот. Сите зборуваат за нејзината објава, а евоцирањето на спомени ги разбранува емоциите кај фановите и саканите на семејството на Оливија.


Да потсетиме, Оливија Њутн-Џон почина вчера на 73-годишна возраст, потврди нејзиниот сопруг Џон Истерлинг. Семејството побара наместо цвеќе кое фановите, колегите и пријателите ќе сакаат да го положат на нејзиното вечно почивалиште, тие средства да се донираат за нејзината фондација за борба против ракот.

Оливија Њутн Џон среќна што третпат го победи ракот ќе им помага на луѓето што се борат со болеста

Животот на Оливија Њутн-Џон: Богата музичка кариера и лавовска борба со ракот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот