6 C
Скопје

Оливија Њутн Џон среќна што третпат го победи ракот ќе им помага на луѓето што се борат со болеста

По битката со ракот на дојка кој беше во четврта фаза, ѕвездата од филмот „Брилијантин“ вели дека е среќна што успеала да излезе како победник по третпат и открива на што ќе работи со својата фондација.

Австралиската актерска и пејачка икона, која се прослави во 70-тите години со улогата на Сeнди во мјузиклот „Брилијантин“, успеа третпат да го победи ракот на дојка и вели дека преку својата фондација „Оливија Њутн Џон“, која ја промовираше во Месецот за борба против ракот на дојка (октомври), сега е посветена на пронаоѓање „понежни терапии“ за жените што се борат со оваа опасна болест.

Се чувствувам многу среќно, затоа што сум добро. И не го земам тоа „здраво за готово“ – вели Оливија и додава дека и покрај болките во стапалото се чувствува добро.

Прочитајте и...  Дневен хороскоп за 4 декември: Не се изолирајте, љубовта може да демне зад аголот

Имам невропатија во стапалото, што е резултат на оштетување на периферните нерви, поради што можат да се појавуваат болки и во рацете и нозете. Сето тоа е последица на радијацијата, но генерално сум добро – вели актерката и открива дека има многу енергија затоа што се храни здраво и се лекува со билки и хомеопатија.

Се трудам постојано да имам позитивни мисли. Сè доаѓа од мозокот, нели? Што размислуваш за животот, за болеста, за сè , влијае врз твојот мозок, а тој заедно со телото и духот се многу важни – зборува таа и дополнува дека многу позитивна енергија добива од нејзините миленичиња.

Нејзина најголема поддршка е сопругот Џон Истерлинг, а таа не ги заборава ниту пријателите на кои им е многу благодарна затоа што биле покрај неа цело време додека се борела со болеста.

Прочитајте и...  ФОТО| Тој има 23, таа 76 години и снимаат порно-филмови: Покажавме сè!

На Оливија првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 1992 година, кој се врати во 2013 година и ѝ се прошири на рамото. Во мај 2017 година не само што болеста повторно се појави, туку Оливија имаше метастази и на крајот од ’рбетниот столб. По годините борба со болеста, кои подразбираа хемотерапија, радијација, операции, пејачката конечно успеа да излезе како победник.

Мора да постојат помалку инвазивни терапии со кои може да се лекува ракот. Сон ми е да им помогнам на сите што се борат со оваа болест, да се најдат терапии што ќе помогнат во зајакнување на имуниот систем, наместо да се трујат луѓето со лекови. Затоа ќе бидам посветена на алтернативната медицина, која многу ми помага мене – истакнува Оливија.

Прочитајте и...  Разговор со д-р Маја Врчаковска, интернист-кардиолог: Брзите диети се погубни, лекот е во трпението, храната и физичката активност

Поврзани вести

Виц на денот: Бебе

Слободен печат

ФОТО|Маж во брак со две жени: Ќе се потрудам двете да останат бремени во исто време

Слободен печат

ВИДЕО: Хју Грант призна која колешка најмногу ја обожава и ѝ пишува долги пораки

Слободен печат

ФОТО| Сакаат нивната ќеркичка да ги гледа заедно: Ирина и Бредли на чекор до смирување?

Слободен печат

ФОТО+ВИДЕО| Како би изгледал Дејвид Бекам на 70 години: Овој негов изглед носи силна порака!

Слободен печат

ФОТО| Тој има 23, таа 76 години и снимаат порно-филмови: Покажавме сè!

Слободен печат

Остави Коментар