Животот на Оливија Њутн-Џон: Богата музичка кариера и лавовска борба со ракот

Фото: Профимедиа / Принтскрин - Инстаграм

Веста за смртта на актерката и пејачка Оливија Њутн-Џон ги растажи нејзините обожаватели и колеги. Лавовски се бореше со тешката болест, а притоа секогаш со насмевка на лицето и позитивна мисла.

Почина познатата актерка Оливија Њутн-Џон

Оливија Њутн-Џон е родена во Кембриџ на 26 септември 1948 година. Нејзиниот татко бил Велшанец, надарен оперски пејач и поранешен офицер на МИ5, а нејзината мајка, Ирина Борн, била ќерка на познатиот нобеловец Макс Борн.

Борн бил германски физичар и математичар кој бил клучен во развојот на квантната механика по што ја доби Нобеловата награда за физика во 1954 година за неговото „фундаментално истражување во квантната механика, особено во статистичкото толкување на брановата функција“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Newton-John (@therealonj)


Сепак, физиката не била нејзина силна страна, но музиката била нејзина најголема љубов.

Оливија го претставуваше Обединетото Кралство на Евровизија во Брајтон во 1974 година со песната „Long Live Love“ и го освои четвртото место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Newton-John (@therealonj)


По четири години го сними мјузиклот по кој остана запаметена – „Брилијант“ со Џон Траволта. Нивната изведба на „You’re the One That I Want“ е еден од нивните најпродавани синглови кој сè уште се пушта на радио станиците. Џон и Оливија  повторно се сретнаа во 2018 година на специјален настан по повод 40-годишнината на Академијата за филмски уметности и науки.

Оливија Њутн Џон среќна што третпат го победи ракот ќе им помага на луѓето што се борат со болеста

Во текот на 1980-тите, таа продолжи да урива рекорди, со нејзиниот сингл „Physical“ од 1981 година и го достигна врвот „Билборд“ музичката листа. Истата година, таа ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Во својата кариера долга пет децении, таа издаде 28 студиски албуми и продаде над 100 милиони плочи. Добитничка е на четири Греми награди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Newton-John (@therealonj)


Покрај актерската и музичката кариера, таа започна и неколку деловни потфати. Оливија успешно водеше линија на козметика за нега на кожа, спа и линија за облека.

Последните години од животот ги посветила на проекти и организации за навремено дијагностицирање и превенција од рак на дојка. Таа се разболе пред точно триесет години, но за жал ја загуби битката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Newton-John (@therealonj)


Првпат ѝ бил дијагностициран рак на дојка во 1992 година и тогаш започнала нејзината повеќедецениска борба.

Њутн Џон тврделa дека марихуаната и помогнала со здравствени проблеми. Првпат и бил дијагностициран рак на дојка во 1992 година, истиот ден кога починал нејзиниот татко, а во 2013 година лекарите ја шокирале со фактот дека ракот се проширил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Newton-John (@therealonj)


По долгата борба, ракот беше во ремисија, но се врати во 2017 година, кога лекарите на Оливија и соопштија дека е во четврти стадиум на болеста.

„Мислам, знаете, она што мислите ја создава вашата реалност. Па тоа е одлуката. Треба да ја донесете таа одлука. Можеш да бидеш жртва или да бидеш победник и да уживаш во животот“, истакнала за време на гостувањето во емисијата „Денес“ во март 2019 година.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот