Сем Асгари ја уценува Бритни Спирс: Ќе објави срамни детали за неа ако не му даде повеќе пари

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Пејачката Бритни Спирс и нејзиниот долгогодишен партнер Сем Асгари се разделуваат по 14 месеци брак. Извори за „Ти-ем-зи“ открија дека, пред околу една недела, Асгари се соочил со Спирс за гласините дека таа го изневерувала.

Сега, како што дознава „Пејџ сикс“, Сем Асгари, наводно, сака поп-ѕвездата да му плати повеќе пари, од она што го обезбедува нивниот предбрачен договор, за замена за чување на нејзините срамни тајни, по нивното разделување.

Извор близок до парот, изјавил дека младиот актер, се обидува да преговара за отстапки надвор од договорот и се заканува дека ќе излезе во јавноста со неверојатно засрамувачки информации за Бритни доколку не добие пари.

Бритни Спирс и Сем Асгари во 2017 година / Фото: PLANET PHOTOS / Planet / Profimedia

Не е јасно точно колку пари побарал Асгари или дали сегашниот предбрачен договор дозволува откривање на негативни информации за пејачката.

Сепак, извори блиски до тимот на пејачката тврдат дека таа е заштитена и дека нивниот развод и разделба ќе биде достоинствен и мирен.

Фото: Инстаграм/Сем Асгари

Како потсетување, Бритни Спирс и Сем Асгари се венчаа во јуни 2022 година, на свадбена церемонија во куќата на поп-ѕвездата. Меѓу гостите беа Мадона,Парис Хилтон иСелена Гомез.

Тие беа во врска шест години пред да се венчаат, а се запознаа на снимањето на видеозаписот за песната „Slumber Party“.

„Ова ќе го потресе светот“: Бритни Спирс ја заврши својата автобиографска книга

„Ова ќе го потресе светот“: Бритни Спирс ја заврши својата автобиографска книга

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот