„Ова ќе го потресе светот“: Бритни Спирс ја заврши својата автобиографска книга

Фото: Profimedia/EPA

Мемоарите на поп принцезата Бритни Спирс ќе бидат објавени наесен. Книгата ги опфати најранливите моменти од нејзиниот живот – детските денови како обично девојче со големи соништа, раскинувањето со познатиот пејач Џастин Тимберлејк и долгогодишната битка за старателство со нејзините родители, објави „Пејџ сикс“.

„Тоа е приказна за преживување. Од старателството кое целосно ја парализирало, до среќата со нејзиниот сопруг Сем Асгари“, рекол изворот.

Бритни Спирс на музичките награди Билборд / 8 декември 1999 / Фото: EPA

При пишувањето на книгата, пејачката соработувала со познатиот писател и новинар Сем Лански, а американската издавачка куќа „Simo & Schuster“ е воодушевена од мемоарите, кои во моментов се подложени на последните ревизии пред објавувањето.

„Нејзината книга е брутално искрена. Тоа е навистина приказна за женското зајакнување и преземање контрола врз сопствениот живот. Има делови од оваа книга со кои секој човек, особено женската читателска публика, може да се идентификува и да се чувствува помалку осамено. Таа ги претвора радоста и болката во нешто трансцендентно – уметност. Книгата ќе го потресе светот. Верувам дека ќе биде револуционерен инстант бестселер“, откри изворот.

Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк на Американските музички награди / 8 јануари 2001 / Фото: LUCY NICHOLSON / AFP / Profimedia

Нејзиниот адвокат Метју Розенгарт и американската агенција „Creative Artists Agency“ потпишаа значаен договор од 15 милиони долари, што е еден од највисоките во историјата, по издавачките договори на Барак и Мишел Обама.

И самата Бритни Спирс во една објава на социјалните медиуми проговори за идејата да напише книга.

„Вљубена сум во животот што си го изградив по сѐ што направив за да се ослободам од татко ми кој ме малтретираше и контролираше 13 години. Јас немам семејство кое ме цени и почитува. Тоа ми е најтешкиот дел бидејќи колку и да ги сакам, тоа е нешто што веројатно никогаш нема да го преболам. Напишав три различни верзии на мојата книга, што беше терапевтско искуство за мене“, објави таа на Инстаграм.

Движењето „Free Britney“ / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

На 1 февруари 2008 година, Бритни Спирс беше насилно ставена под надзор со одлука на судијата Рева Гец. Нејзиниот татко Џејмс Спирс и нејзиниот тогашен адвокат Ендрју Волет оттогаш носеа деловни и приватни одлуки во нејзино име.

Самата пејачка во неколку наврати зборуваше дека нема пристап до своите пари, дека не смее да пие кафе, а била под надзор дури и кога се туширала. Старателството траеше до ноември 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот