Селекторот на борачите го победи коронавирусот, пуштен е на домашно лекување

Добри вести ни доаѓаат од Шведска откако поранешниот македонски и југословенски репрезентативец, Љубиша Пешко, и актуелен селектор на македонската репрезентација во борење во грчко-римски стил, се излечи од коронавирусот и моментно е пуштен на домашно лекување.

Пешко на својот профил на Фејсбук се пофали дека успеал да го победи опасниот вирус поради кој досега починаа повеќе од 74.000 лива ширум светот, откако пред пет дена беше хоспитализиран во болница во Шведска.

„Благодарам на сите кои изминативе денови ми дадоа максимална поддршка“ – порача Пешко од Шведска.

Пешко беше редовен учесник на Европските и Светските првенства во категоријата до 74 килограми.
Во успешната боречка кариера ги бранеше боите на Спартак Руен и на европскиот и светскиот клубски првак Бучим Јака. По завршените студии на Факултет за физичка култура во Скопје почна да работи како професионален тренер, прво во Спартак од Кочани, од 1996 до 1999, а потоа од 1999 до 2003 во БК Вардар. Во 2004 замина на постојан престој и работа во Стокхолм, каде што активно работеше во два боречки клуба.

Во 2013 гододина го презеде раководењето со БК Вардар како шеф на стручниот штаб и главен спонзор на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот