Секој викенд ќе има спринт трки во Мото ГП шампионатот

Спринт трки и во Мото ГП шампионатот/Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

По примерот на Формула 1, и шампионатот во Мото ГП ќе воведе спринтерски трки од следната сезона и тие ќе се возат за време на секој тркачки викенд, беше потврдено на Големата награда на Австрија.

Веста за воведување на спринтерски трки се појави во претходните денови и ги изненади дури и самите возачи, кои за промената дознаа од новинарите.

Официјалната потврда пристигна на патеката „Ред Бул Ринг“, а првиот човек на Дорна Кармело Еспелета, претседателот на Меѓународната асоцијација на тркачки тимови (ИРТА) Ерве Поншарал и првиот човек на Светската мотоциклистичка федерација Хорхе Виегас истакнаа дека имаа едногласна поддршка од тимовите.

Еспелета исто така вели дека задача на тимовите е да ги информираат своите возачи.

Она што во моментов е познато е дека спринтерските трки ќе се возат во сабота, половина од стандардната трка ќе се вози и половина од стандардните бодови ќе бидат доделени. Резултатите од таа трка нема да го одредат стартниот редослед на главната трка, туку и понатаму ќе се возат главните квалификации. Како точно ќе изгледа комплетниот тркачки викенд ќе биде објавено подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот