Илустрација / Фото: Pexels

Секој над 40 години треба да престане да пие три вида пијалаци, советуваат нутриционистите

Што пиеме може да биде исто толку важно како и што јадеме кога станува збор за здравјето и контролата на телесната тежина. Како што старееме, промените во начинот на живот и хормоните го отежнуваат уште повеќе контролирањето на тежината, па затоа изборот на погрешен пијалак може да го забави нашиот метаболизам и да поттикне зголемување на телесната тежина.

Затоа експертите предупредуваат дека некои навидум безопасни навики, како што е пиењето одредени пијалаци секој ден, можат да работат против нас.

Оваа тема е особено важна по 40-годишна возраст, кога телото реагира побавно на промените во исхраната. Мислења споделија нутриционистката Натали Комова, диететичарката Сара Чатфилд, нутриционистката Дана Елис Ханс и нутриционистите д-р Дарил Џофре и Хедер Хенкс.

Засладени овошни сокови

Засладените овошни сокови често се сметаат за здрав избор, но експертите предупредуваат дека тие често се високо преработени и полни со шеќер и без влакна.

– Кога пиете само овошен сок, влакната се отстрануваат, а во една чаша можете да ја добиете количината шеќер и фруктоза што ја добивате од пет портокали, но без сите нивни корисни состојки“, објаснил д-р Џофре.

Хенкс истакнува дека овој внес на шеќер може да има голем број негативни ефекти врз телото.

– Шеќерот предизвикува воспаление во телото и го зголемува нивото на инсулин, хормон кој го поттикнува складирањето на масти – вели таа.

Дополнителен проблем е што шеќерот од соковите влегува во крвотокот побрзо од оној од интегралните намирници, што може да доведе до ненадејни скокови на енергија и подоцнежни падови. Иако доаѓа од овошје, овој облик на внес на шеќер не ги дава истите придобивки како консумирањето на целото овошје.

Засладен ладен чај

Засладениот ладен чај многумина го сметаат за лесен и освежителен пијалок, но нутриционистите предупредуваат дека може да содржи големи количини додаден шеќер. Чатфилд истакнува дека ваквите пијалоци честопати не се перцепираат како калорични, што може да доведе до прекумерен внес.

Редовното консумирање на засладен чај може да предизвика промени во метаболизмот на мастите и да го зголеми ризикот од акумулација на масти во телото. Исто така, предупредува на зголемен ризик од замастен црн дроб и проблеми со срцето поврзани со високиот внес на шеќер. За разлика од овошните сокови, кои доаѓаат од овошје, но немаат влакна, засладениот ладен чај претежно содржи додаден шеќер без хранлива вредност, што го прави уште попроблематичен.

Газирани пијалаци

Газираните пијалаци како кока кола и слични пијалаци се еден од најчестите извори на скриен шеќер во исхраната. Хунес препорачува таквите пијалоци да се заменат со комбуха, која содржи пробиотици и антиоксиданси кои се корисни за здравјето.

– Пробиотиците и антиоксидансите имаат антиинфламаторни ефекти и помагаат во здравјето на дигестивниот систем – истакнала таа.

Од друга страна, Комова предупредува дека газираните пијалоци можат негативно да влијаат на метаболизмот.

– Тие можат да предизвикаат инсулинска резистенција и да го зголемат холестеролот, што дополнително го комплицира губењето на тежината – забележала таа.

Покрај тоа, високиот внес на шеќер од ваквите пијалаци е поврзан со воспалителни процеси во телото. На долг рок, ова може да ја отежни контролата на тежината и да го зголеми ризикот од метаболички нарушувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот