СЕХА: Еурофарм Пелистер по вторпат го урна поранешниот европски шампион!

Фото: SEHA LEAGUE

Денеска Еурофарм Пелистер во својот четврти натпревар сезонава во СЕХА Газпром лигата на гостински терен ја совлада Металопластика од Србија со резултат 27:34. На тој начин и теоретски македонската екипа го обезбеди четвртфиналето во регионалното натпреварување.

Битолчани славеа и во првата меѓусебна средба со 30:26 против двократниот европски шампион од 1985 и 1986 година.

Во првите 30 минути се водеше рамноправна борба од двете страни, домаќините водеа и неколку пати со еден гол разлика, но истата брзо се стопо. При 13:13 Еурофарм Пелистер преку Граџан и Радовиќ се одвоија на „плус три“ што беше како најава во вториот дел постепено да расте предноста.

Играчите на Жељко Бабиќ на дуелот во Шабац заиграа уште поцврсто во одбраната, а во нападот уште посигурно, во 37 минута Костески од контранапад реализираше за 16:21. Сите дилеми околу победникот беа решени со новата најголема серија на мечот од 6:0 за 18:27 на семафорот, а највисоката позитива достигна до „плус 10“ со што и дефинитивно беше скршен отпорот на домаќините.

Најрасположени стрелци во битолската екипа беа Граџан со седум погодоци, по пет запишаа Мандалиниќ и Периќ. Голманот Чаневски имаше исто така одлични перформанси се истакна со 14 одбрани.

Кај ривалите забележа Додиќ, а по пет Иваниќ и Тодоровиќ. Блескаше и нивниот чувар на мрежата Бомастар со 12 интервенции.

Во групата „А“ води ППД Загреб со девет бодови, колку што има и Еурофарм Пелистер на втората позиција, следува Металопластика со три, на дното без бодови е Прешов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот