Се прашувате како да подготвите здрав појадок за само 5 минути? Погледнете…(ВИДЕО)

Од само пет состојки можете да направите дури три здрави појадоци и тоа за само пет минути…

Путер од кикирики, банана, јаворов сируп, јогурт и овесни снегулки се магичните состојки за здрав и брз појадок.

Појадок 1

Изгмечете една банана со една шолја овесни снегулки. Од смесата направете бомбици и ставете ги во микробранова печка на 1 минута. На крај прелијте ги со путер од кикирики.

Појадок 2

Во мала керамичка чинија ставете половина банана, 3 лажици овесни снегулки и 1 лажица јаворов сируп. Сето тоа помешајте го и ставете го во микробранова печка 90 секунди. Кога ќе биде готово, извадете го колачето и прелијте го со 1 лажица јогурт и јаворов сируп.

Појадок 3

Половина шолја овесни снегулки прелијте ги со шолја вода и загрејте ги во микробранова печка 2 минути. Потоа додадете 3 лажици белка и една сецкана банана па сето тоа убаво измешјте го и вратете во микробранова на уште 2 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот