Се враќа „La Casa De Papel“, еве кога ќе можете да уживате во петтата сезона

инстаграм

Фановите на една од најгледаните серии деновиве „La Casa De Papel“ со нетрпение ја очекуваат веста кога ќе може да ја гледаат новата, петта сезона, а креаторот на серијата, Алекс Пина, изјави дека серијата дефинитивно ќе се врати на екраните.

„Сè уште не можам да кажам ништо официјално, но серијата дефинитивно ќе се врати“, изјави Пина за шпанското „АБЦ“.

Иако сè уште нема официјална потврда од „Нетфликс“, фановите веќе започнаа да шпекулираат кога би можело петтата сезона да ја види светлината на денот.

инстаграм

Пред пандемијатата со коронавирусот, предвидениот термин за објавувањето беше април 2021 година, но поради вонредните околности, снимањето беше одложено. Фановите сепак веруваат дека петтата сезона ќе излезе како што беше првично планирано.

Поради коронавирусот, снимањето на серијалот е откажано до понатамошно известување и сè уште не е познато кога ќе продолжи. Затоа реално е да се очекува петтата сезона од серијалот на „Нетфликс“ да дојде подоцна во текот на наредната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот