Се верија Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов: „Го отворивме најубавото љубовно-животно поглавје“

Facebook

Манекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, се верија. Цветанов ја објави веста на неговиот фејсбук-профил.

Facebook

Дунавка и Ване се во врска од летоска, а според фотографиите на профилот на Цветанов, деновиве уживаат во Охрид.

Facebook
„2020-та година е една од најзначајните за нас. Благодарение на Бога, токму тоа лето Господово го отворивме најубавото љубовно-животно поглавје. Се надеваме дека Бог ќе не благослови со сето она што е потребно за да напишеме убави страници и во новата 2021-ва година. На сите добри луѓе им посакуваме многу среќа, љубов, здравје, бериќет, успеси, радосни и многу позитивни моменти во новата 2021-ва година! СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!“, напиша Цветанов на својот профил неколку минути по влегувањето во новата година.
Facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот