Сѐ уште не се остранети остатоците од изгорената модуларна болница во Тетово

Фото: Слободен печат

Сѐ уште не се остранети остатоците од модуларната болница во Тетово, која лани во септември изгоре, при што животот го загубија 14 луѓе.

Пред еден месец започнаа активности за демонтирање и транспортирање на изгорената модуларна болница. Од раководството на Клиничката болница Тетово, тогаш кажаа дека се очекува за неколку дена фирмата изведувач да ги транспортира остатоците од кругот на болницата. Но, дел од изгорениот материјал, се` уште стои и сведочи за трагедијата која ја потресе Македонија

Судењето за модуларната болница продолжува месецов во Основниот суд Тетово, откако во декември обвинителството на главната расправа ги читаше материјалните докази.

Поранешниот директор на Клиничката болница Тетово Флорим Бесими како и Артан Етеми кој беше раководно лице во болницата, се товарат за кривично дело, тешки дела против општата сигурност, а трето обвинетиот доктор Бобан Вучевски, за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Обвинение има и за правното лице Клиничка болница-Тетово за предизвикување општа опасност и непостапување според здравствени прописи во време на епидемија.

Инаку обвинителството во октомври минатата година го објави извештајот на ОКТИВ при МВР. Со вештачењето се утврди дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот