Се отстрануваат остатоците од модуларната болница во Тетово каде живи изгореа 14 луѓе

Фото: Слободен печат

Започнати се активности за остранување на остатоците од модуларната болница во Тетово, која лани во септември изгоре, а животот го загубија 14 лица. Половина од изгорените остатоци од објектот се демонтирани. Се очекува до крајот на оваа недела, фирмата изведувач да ги транспортира од кругот на Клиничката болница Тетово.

„По изјаснување на Основното јавно обвинителство Тетово, дека изгорениот објект повеќе не претставува материјален доказ, започнавме постапки за отстранување на истиот. Законските рокови се веќе истечени, фирмата која го доби тендерот на постапката за јавна набавка и согласно договорот ги изведува работите на терен.За време на викендов, доколку се оди според планот, веруваме дека работите ќе бидат завршени“, соопштија од Клиничката болница Тетово.

За случајот со модуларната болница во тетовскиот суд досега се одложија три судски рочишта.

На последното судско рочиште во тетовскиот основен суд, каде требаше да започне главната судска расправа за тетовската модуларна болница третообвинетиот доктор Бобан Вучевски, немаше обезбедено адвокат, а одбраната од останатите обвинети побараа препис од доказите во електронска форма.Суењето е одложено за утре 7 декември.

Поранешниот директор на Клиничката болница Тетово Флорим Бесими како и Артан Етеми кој беше раководно лице во болницата, се товарат за кривично дело, тешки дела против општата сигурност, а трето обвинетиот доктор Бобан Вучевски, за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Обвинение има и за правното лице Клиничка Болница Тетово за кривични дела, предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Инаку обвинителството во октомври минатата година го објави извештајот на ОКТИВ при МВР. Со вештачењето се утврди дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска.

Одбраната бара целосен увид во доказите, одложена по трет пат главната расправа за модуларната болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот