Одбраната бара целосен увид во доказите, одложена по трет пат главната расправа за модуларната болница

Се одложи и третото судско рочиште во тетовскиот основен суд каде требаше да започне главната судска расправа за тетовската модуларна болница. Третообвинетиот доктор Бобан Вучевски, немаше обезбедено адвокат, а одбраната од останатите обвинети побараа препис од доказите во електронска форма. Судијата Јордан Велков одлучи да го одложи рочиштето за 7 декември.

„Бобан Вучевски вашата одбрана не е задолжителна, не можеме вака да го одложуваме секој месец рочиштето. Јас ќе ве замолам да го обезбедите адвокатот или обезбедете некој друг адвокат, ако тој не може да присуствува.Ако не го обезбедите, тогаш секако ќе започне главната расправа, ова серозно сватете го , оти секое одлагање создава трошоци, рече судијата Јордан Велков

Бранителот на првобвинетиот Флорим Бесими, побара на следното судско рочиште да се обезбеди визуелно и тонско снимање, но поради немање на доволно опрема од судот одговорија дека рочиштетот ќе се снима само тонски.

Бесими истакна дека најважно е да започне процесот, за што поскоро како што рече да се дознае вистината.

Одбраната и на првообвинетиот и на второбвинетиот побараа препис од доказниот материјал во електронска форма. Посочија дека мора да ја знаат целата содржина од предметот, за да можат да бидат подготвени.

„Листа на докази немаме, освен обвинителниот предлог, оттаму бараме да ни бидат доставени сите докази на кои се повикува обвинителството. Немаме електронски докази, бараме од нив препис, мора да ја знаеме целата содржина“, истакна одбраната на второобвинетиот Артан Етеми, на што се согласи и одбрана на останатите обвинети.

Од Јавното обвинителство посочија дека целиот доказен материјал и во електронска форма е доставена до судот.

Преписот може да ви го достави судот, посочија од јавното обвинителство, на што судијата Јордан Велков се согласи, додавајќи дека сите докази кои ги има судот ќе бидат доставени и до одбраната.

Флорим Бесими како и Артан Етеми кој беше раководно лице во болницата, се товарат за кривично дело, тешки дела против општата сигурност, а трето обвинетиот доктор Бобан Вучевски, за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Обвинение има и за правното лице Клиничка Болница Тетово за кривични дела, предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Инаку обвинителството во октомври минатата година го објави извештајот на ОКТИВ при МВР. Со вештачењето се утврди дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот