Се укинуваат ковид мерките за излез од земјава, бремените да се вакцинираат и да се вратат на работа

Јуни 2020 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Комисијата за заштита на населението од заразни болести до министерот за здравство Беким Сали денеска предложи две нови мерки. Прво, се укинува задолжителното поседување на негативен ПЦР тест, вакцинален сертификат или сертификат за прележаност за секој граѓанин кој ќе излезе од Македонија на граничен премин или на аеродром.

-Тука би сакал да појаснам дека не значи дека во земјите каде ќе треба да поседувате ковид тест или вакцинален сертификат или сертификат за прележаност дека нема да ви се бара, туку само дека при излез од земјава нема да биде потребен да се покаже на нашите гранични органи, рече доктор Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заштита на населението од заразни болести.

Второ, се препорачува на бремените жени да се вакцинираат и да се вратат на работните места и да не бидат веќе ослободени од работа.

Доктор Мехмедовиќ рече дека препораките на сите релевантни институции е бремените жени да се вакцинираат и да го заштитат своето здравје.

Скринингот на децата во училиштата досега покажал дека од 800 деца позитивни биле само 8. Меѓутоа репрезентативноста на примерокот ќе се достигне кога ќе се дојде до 1800 тестирани деца.

Епидемиолошката состојба во земјава се подобрува, а според Комисијата, опаѓа и бројот на новозаразени и на починати.

-Сега за сега не гледаме разлика во клиничката слика на пациентите, уште е доминантен омикрон. Ги следиме светските искуства кои треба да ни укажат ако има разлики во третманот на омикрон и стелт омикрон, рече Мехмедовиќ.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот