Се продаваат ракавиците на Холифилд со кои го победи Тајсон

Принтскрин/Јутјуб

Ракавиците на легендарниот американски боксер Евандер Холифилд што ги носеше на историскиот реванш меч против Мајк Тајсон во кои се случи еден од најголемите скандали во историјата на боксот, се ставени на продажба и се достапни само за колекционери со длабок џеб.

Почетната цена на лицитацијата за ракавиците од историскиот меч во кој Тајсон му го одгриза увото на Холифилд изнесува 100.000 долари..

Црвените ракавици што ги носеше Холифилд ги изработи компанијата „Еверласт“. На нив со црн маркер е испишано „Холифилд бр. 1“.

Борбата меѓу Ивандер Холифилд и Мајк Тајсон се одржа на 28 јуни 1997 година во Ла Вегас, а заврши во третата рунда со дисквалификација на „железниот Мајк“ кој во знак на немоќ, му одгриза дел од увото на Холифилд.

За скандалознот потег, Тајсон заработи казна од 3 милиони долари.

Ривалството меѓу двајцата боксери започна уште во 1980-тите години кога и Холифилд и Тајсон сакаа да ги претставуваат САД на Олимписките игри во Лос Анџелес 1984 година.

Во квалификациите, Тајсон загуби во полуфиналето, додека Холифилд обезбеди пласман на ОИ, каде беше дисквалификуван во мечот за влез во финалето бидејќи го удри својот противник по знакот на судијата за прекин на борбата.

Во ЛОИ во Лос Анџелес и Тајсон и Холифилд станаа профеионалци и беа шампиони во тешка категорија. Холифилд исто така беше шампион и во крузер категорија. Нивната прва пресметка се случи 1996 година и заврши со триумф на Холифилд кој во 11 рунда го нокаутира Тајсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот