Се проценува на 28 милиони долари: Дијамантот „Булгари лагуна блу“ од Мет гала на аукција

Фото: Инстаграм аукциска куќа „Сотбис“

По пет децении во приватна колекција, дијамантот „Булгари лагуна блу“ јавно дебитираше во понеделникот, украсувајќи го вратот на актерката и продуцентка Пријанка Чопра Џонас на Мет гала.

Реткиот син дијамант Лагуна од 11,16 карати може да достигне цена од 22 до 25 милиони швајцарски франци (24 до 28 милиони долари) кога ќе биде понуден на аукција на „Sotheby’s Luxury Week“ во Женева овој месец.

Наречен „Булгари лагуна блу“, дијамантот во облик на круша може да се пофали со богата сина нијанса што аукциската куќа ја квалификува како „извонредна“ и „хипнотизирачка“.

Фото: Инстаграм/Аукциска куќа „Сотби“

Тоа е највисоко рангиран син дијамант што некогаш бил оценет од Гемолошкиот институт на Америка (ГИА) и третиот по големина живописен син дијамант во облик на круша што некогаш бил пуштен на продажба на аукција, според Оливие Вагнер, шеф за накит во „Сотби“ Женева.

Скапоцениот камен, првпат изложен на познатата ревија на Мет гала во Њујорк во понеделникот, се очекува да го привлече интересот на светските колекционери.

Неодамнешните светски рекорди поставени од „Сотби“ во Женева ја вклучуваат „Сината месечина на Џозефина“, која беше продадена за 48,5 милиони долари во ноември 2015 година, што е светски рекорд на аукција за кој било дијамант во тоа време, и до денес рекордна цена со над 4 милиони долари по карат.

„Булгари лагуна блу“ е трикратна реткост, бидејќи е син дијамант, скапоцен камен потпишан од Булгари и невиден и немодифициран скапоцен камен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот