Се огласи и Меланија Трамп: Во карантин сме, но се чувствуваме добро

Фото: EPA/CHRIS KLEPONIS

Меланија Трамп се огласи после вестите дека таа и нејзиниот сопруг, претседателот на САД, Доналд Трамп се позитивни на коронавирусот и порача дека се чувствуваат добро и дека се наоѓаат во карантин.

Доналд Трамп и Меланија позитивни на ковид-19

„Како што направија и многу Американци претходно оваа година, претседателот и јас сме во карантин откако се тестиравме позитивно на коронавирусот. Се чувствуваме добро и ги откажав сите планирани активности“, напиша првата дама на САД на Твитер.

„Ве молам, останете безбедни и низ сето ова ќе поминеме заедно“, наведе Меланија Трамп.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот