Се огласи и критичарот на Новак меѓу новинарите: Сево ова е негова вина

Новак Ѓоковиќ на полноќ по средноевропско време ќе се појави пред федералниот суд во Мелбурн/ фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Американскиот новинар Бен Ротенберг, кој е еден од најголемите критичари на потезите на Новак Ѓоковиќ надвор од тениските терени, повторно се огласи и тоа веднаш откако му беше одбиена визата на српскиот тенисер.

„Што е да се случи тука, ова е вина на Новак Ѓоковиќ бидејќи не се вакцинира, а имаше неколку месеци да го направи тоа. Најдобро сценарио за сите е вакциниран Новак на Австралија Опен. Но, тој избра нешто друго“, напиша Ротенберг.

По одбивањето на визата за влез во Австралија, адвокатите на Новак Ѓоковиќ најавија дека ќе поднесат жалба, а тенисерот до крајот на денот по локално време ќе мора да си замине од земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот